Технички преглед

 Технички преглед на возилото претставува задолжителна проверка на техничката исправност на возилото со цел за безбедно вклучување на истото во јавниот сообраќај. Можат да се регистрираат само оние моторни возила, возила на моторен погон и приклучни возила за кои на задолжителниот технички преглед АМД Битола ќе се утврди дека се исправни.

 

Техничкиот преглед на возилата се состои од:
  • Преглед на возната постројка и на каросеријата (самоносечка конструкција)
  • Преглед на моторот и на погонските уреди
  • Преглед на уредот за управување
  • Преглед на уредот за сопирање
  • Преглед на светлосните и на светлосно-сигналните уреди
  • Преглед на контролните и на сигналните уреди
  • Преглед на уредите што овозможуваат нормална видливост
  • Преглед на оските, тркалата, пневматиците
  • Преглед на уредот за давање звучни сигнали
  • Преглед на уредот за движење на возилото наназад
  • Преглед на уредот за испуштање на согорените гасови
  • Преглед на влечниот уред за спојување на влечно и приклучно возило
  • Преглед на другите уреди, делови и ознака на возилата и нивната опрема