АМД Ѓорѓи Наумов-Битола
 
www.amdbitola.com.mk
АМД Ѓорѓи Наумов-Битола
АМД Ѓорѓи Наумов-Битола
 


Технички преглед

Авто-мото друштвото "Ѓорѓи Наумов" Битола во состав на Авто-мото сојузот на Македонија опреми и оспособи две станици за технички преглед на сите моторни и приклучни возила и трактори.
Едната станица се наоѓа во населба Стрелиште, а другата станица за технички преглед е лоцирана во комплексот "Евро-кар".
Двете станици за технички преглед на моторни и приклучни возила се опремени со најсовремена опрема од марката "МАНА".
Работно време започнува секој работен ден од 07:00 до 19:00 часот, додека во сабота, двете станици започнуваат со работа од 07:00 до 14:00 часот.
Во нашите станици за технички преглед истовремено во двете смени сите работни денови се врши заверка на сообраќајните книшки.
Доколку сте заинтересирани корисници на возила кои сакаат да ги користат нашите услуги, ви нудиме и превентивен бесплатен технички преглед пред секоја регистарција на возилото, или доколку имаат намера да патуваат во странство на подолга релација да го испитаат своето возило дали е технички исправно.
Покрај регистрацијата на возила, во станиците за технички преглед се издава и:
1. Меѓународна возачка дозвола
2. Овластување за користење на туѓо возило за странство
3. Зелени картони
4. Промена на сопственост


(c) Copyright 2005 - АМД "Ѓорѓи Наумов"-Битола, All Rights Reserved.