АМСМ Услуги

 


Меѓународни документи

Согласно со потпишаните конвенции и правните регулативи на Република Македонија, за патување со моторно возило надвор од државата потребни се следниве документи:

Меѓународната возачка дозвола се издава согласно со Меѓународната конвенција за сообраќај на патиштата, усвоена на 8 ноември 1968 година во Виена.

Одобрение за управување туѓо моторно возило се издава врз основа на овластувањата на АМСМ добиени од страна на FIA - организација којашто ги обединува сите Авто-Мото и Туринг Клубови, како и Здруженија на светско ниво.


Одобрение за управување со туѓо
моторно возило

 

Потребни документи
- Сообраќајна дозвола од возилото и лично присуство на сопственикот со документ за идентификација (лична карта или пасош)
- Лично присуство на корисникот на возилото со пасош

Важност
1 години

Цена
485,00 МКД