АМСМ Услуги

 


Меѓународни документи

Согласно со потпишаните конвенции и правните регулативи на Република Македонија, за патување со моторно возило надвор од државата потребни се следниве документи:

Меѓународната возачка дозвола се издава согласно со Меѓународната конвенција за сообраќај на патиштата, усвоена на 8 ноември 1968 година во Виена.

Одобрение за управување туѓо моторно возило се издава врз основа на овластувањата на АМСМ добиени од страна на FIA - организација којашто ги обединува сите Авто-Мото и Туринг Клубови, како и Здруженија на светско ниво.


Меѓународна возачка дозвола

 

Потребни документи
- 2 фотографии (45мм x 35 мм) - документ за идентификација (лична карта или пасош)
- национална возачка дозвола

Важност
3 години, но со истекот на важноста на националната возачка дозвола истекува и важноста на меѓународната возачка дозвола.

Цена
845,00 МКД