АМД "Ѓорѓи Наумов"
Авто Мото Друштвото "Ѓорѓи Наумов" - Битола е основано 1946 година.
Моментално располага со две современи станици за технички преглед опремени со уредите од Германскиот производител MAHA кои ги нудат следните услуги:
- Технички преглед и Регистрација
- Хомологација
- Осигурување (автоодговорност, зелен картон)
- АМСМ Членство
- Меѓународна возачка дозвола
- Дозвола за управување со туѓо моторно возило
Овие услуги ви се достапни од страна на стручно квалификуван кадар за да обезбедат максимално професионално ниво во извршување на овие услуги за нашите клиенти.